На 31. мај 2019. година, наставниците Зујца Стојанова и Дениз Реџепов заедно со учениците од прво одделение ја реализираа завршната воннаставна активност според Нансен модел за учебната 2018/2019 година.
Во училишниот двор, учениците играа разни игри со натпреварувачки карактер чии цели се учениците да се поттикнат за изведување на вежби, да го развиваат чувството за естетско изведување на движењата и да се стимулираат правилно да ги изведуваат вежбите. Сите ученици беа активно вклучени на активноста и покажаа одличен спортски дух. На крај на активноста, со цел одбележување на успешната учебна година на учениците им беа доделени дипломи за учество во активностите на Нансен моделот за интеркултурно образование.
НДЦ Скопје им посакува среќно и забавно лето!