(20.10.2011) На 20.10.2011год. учениците од првата и втората генерација од интегрираното средно училиште во с. Прељубиште, заедно со професорите по стручни предмети го посетија саемот Технома 2011 во Скопје.
Целта на екскурзијата беше да се запознаат со најновите технички достигнувања од областа на автоматиката, електрониката, енергетиката и сл.
Посетата на саемот Технома 2011 за учениците претставуваше можност да ги прошират предзнаењата од автоматика и електроника, како и да се запознаат со разновидни алати и мерни инструменти, кои ќе им користат во текот на стручното образование. Беа посетени штандови на разни компании и земени се рекламни материјали и каталози кои понатаму ќе се користат на часовите по стручните предмети.