• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интегрирано образование

Празнични новогодишни активности во Нансен модел училиштата

Во текот на месец декември 2018 година, учениците кои се дел од воннаставните активности од Нансен моделот за интеркултурно образование имаа можност да учествуваат во предновогодишните активности организирани од страна на НДЦ Скопје. Некои ученици уживаа во одличното шоу на жонглерите и кукларите, додека другите ја изразија својата креативност преку моделирање глина – сите овие активности беа одлична прилика за учениците да се забавуваат заедно и да се дружат.

„Честитки“

Во месец декември, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова ја реализираа дневната активност „Честитки“ од месечната тема „Новогодишнижелби“ во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за прво одделение.

За реализација на оваа активност учениците користеа различни заеднички алатки и работеа поединечно. Tие имаа различни идеи и креираа честитки со што ја демонстрираа детската креативна способност.

Цели на активноста се развивање на прецизноста при манипулирање со хартиjата и ножиците, вежбање на координациjа меѓу окото и раката при сечењето и нижењето на елементи со различна големина, како и поттикнување на сооработкапри тандемско и тимско реализирање на проектните задачи.

Средства за сувоземен сообраќај

На 27. декември 2018. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино, реализираа активности во рамки на месечната тема Сувоземниот сообраќај, од Сообраќајната секција од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за второ одделение.

Покрај запознавањето со средствата за сообраќај, нивниот начин на движење и работа, учениците, исто така, изградија дел од возилата користејќи различни материјали и алатки.

Цели на оваа активност се проширување на предзнаењата на учениците за сувоземниот сообраќај и поддржување на детскиот интерес за тоа, oспособување на учениците за самостојно класифицирање на сообраќајни средства кои што припаѓаат на категоријата копнени сообраќајни средства, како и развивање на детската фантазија и креативност и оригиналност преку осмислување на нови сообраќајни средства.

Работилница за Нова Година

Во декември 2018. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, спроведоа креативна работилница во рамки на секцијата “Јас и другите”. Креативната работилница беше реализирана со подготовка на различни украси за Нова Година. Сите ученици го зајакнуваат степенот на самодоверба преку тимска работа, прекуактивен личен придонес и учествoto во создавањето на групен продукт.

Целите на активноста се да се поттикнат кооперативните односи во хетерогената етничка група, да се поддржува самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности, да се развие позитивен пристап кон волонтерството и младинскиот активизам во локалната заедница.

“Желка”

На 25.12.2018. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане ја реализираа дневната активност “Желка”во рамки на месечната тема “Нашето милениче” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за петто одделение.

За реализација на оваа активност учениците беа поделени во групи и работеа користејќи разни материјали за изработка на желки и живеалишта на желките. Активноста исто така содржеше и повеќе игри за начинот на движење на овие животни.

Цели на оваа активност се негување на грижлив и одговорен однос кон животинскиот свет, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.

Новогодишни желби

Во текот на декември, 2018. година, учениците од прво одделение заедно со нивните наставнички Теута Бајрам Мухарем и Татјана Стаматова реализираа активности во рамки на месечната тема, Новогодишни желби, во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за интеркултуни воннаставни активности.

Активностите беа составени од воведни игри со цел учениците да се запознаваат со дневните теми. Во мешани групи учениците изработија честитки за нова година и на истите ги запишаа нивните желби за новата година. Учениците исто така дискутираа за зимата и промените кои настануваат во ова годишно време, тие гледаа видеа за зимата, а во групи изработија снегулки од различни материјали и форми. Во крајот на активноста секоја група ги презентираше нивните изработени снегулки и со истите ја декорираа училницата.

Цели на активностите се учениците да ги знаат промените кој настануваат во природата, да ги пепознаат карактеристиките на зимата, да работат во групи со мешан етнички состав, да разменуваат идеи и да ги почитуваат правилата во групата.

Учиме за нашите права

Во текот на декември 2018. година, наставниците Елена Поповска и Линдита Јусуфи заедно со учениците од седмо одделение реализираа активности од месечната тема Мои/ наши права во рамките на секцијата Мир и толеранција од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во рамки на месечната тема се реализираа активностите: Права во семејството, Права во училиште, Права во моето маало, Право на животна средина. Учениците соработуваа меѓусебно преку различни игри. Тие гледаа видеа од УНИЦЕФ во врска со Конвенцијата за правата на децата. Исто така, учениците на хамер напишаа нивни имиња или цртаа нешто што ќе асоцира на нивното име и напишаа изреки за правата на децата.

Овие активности имаат за цел, усвојување знаења за правата на детето, развивање логичко, флексибилно, дивергентно и критичко мислење кај учениците, сензибилизирање на учениците за почитувањето на меѓусебните различности како и поттикнување конструктивни соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници.

Фотографиите од учениците се објавени по претходно добиена согласност од страна на нивните родители/старатели.

Месечна ахива