На 17 Октомври, 2014, НДЦ Скопје организираше екскурзија за учениците од 4-та година вклучени во проектот на Нансен модел за интегрирано образование во средното стручно училиште Моша Пијаде во Тетово. Учениците придружени од проект менаџерот на НДЦ Ветон Зеколи, координаторот за едукација, обука и развој на НДЦ Скопје Аница Оносимска, професорите Рухан Илјази и Небојша Трпковски ги посетија саемот Технома и Планетариумот, исто реализираа и прошетка низ Скопје. Екскурзијата се организираше со цел учениците да научат повеќе за најновите технолошки достигнувања релевантни за нивните образовни профили.
