(21.09.2011) На 21.09.2011 година е оддржана обуката за новите наставници кои ќе започнат со реализација на проектот: Нансен модел на интегрирано образование во две основни училишта на територија на општина Чаир и општина Карпош. Целта на обуката беше промовирањето на методологијата на работа во интегрирани двојазични групи со деца од рана училишна возраст. Обуката ја реализираше тимот за едукација, обука и развој при Нансен Дијалог Центар, во рамките на ИДОУ и ИДСУ, во с. Прељубиште.