(15.11.2010) По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам,  а во духот на запознавање на културата, верата и традицијата на своите соученици,  на 15.11.2010 учениците од ИДОУ при ООУ „Маршал Тито“ беа гости на семејствата Агушеви и Ахмедови.
Како вистински домаќини родителите на Алисе и Умут на соучениците на нивните деца одблиску успеаа да им го пренесат начинот и значењето на прославување на овој празник. На празничната маса доминантно место заземаше баклавата – симболот на турската кујна и празникот. За време на посетата учениците уживаа, се забавуваа и добија поголеми знаења за значењето на овој голем муслимански празник.