На 13. февруари 2019. година, наставниците Кристина Стојанова и Зерин Кокаљари со учениците од шесто одделение ја реализираа дневната активност “Право на семејство” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
Реализацијата на активноста започна со воведната игра Портрет. После воведната игра, секој ученик изработи дрвена рамка од стапчиња во боја, и на истите ги поставија претходно подготвените портрети.
Цели на активноста се: конструктивно меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура како и поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење.