• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Category Archives: Novosti NMIO

Завршна активност и доделување дипломи

На 31. мај 2019. година, наставниците Зујца Стојанова и Дениз Реџепов заедно со учениците од прво одделение ја реализираа завршната воннаставна активност според Нансен модел за учебната 2018/2019 година. Во училишниот двор, учениците играа разни игри со натпреварувачки карактер чии цели се учениците да се поттикнат за изведување на вежби, да го развиваат чувството за естетско изведување на движењата и да се стимулираат правилно да ги изведуваат вежбите. Сите ученици беа активно вклучени на активноста и покажаа одличен спортски дух. На крај на активноста, со цел одбележување на успешната учебна година на учениците им беа доделени дипломи за учество во активностите на Нансен моделот за интеркултурно образование.НДЦ Скопје им посакува среќно и забавно лето!

Завршна активност и доделување дипломи

На 27. мај 2019. година, наставниците Наташа Забрчанец и Дарко Талески заедно со учениците од шесто одделение ја реализираа активност “Портрет” во рамки на темата “Фотографија” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.Учениците беа поделени во парови, тандемот наставници на секоја група им даде цртеж со одредена емоција. Секое дете го црташе портретот на соученикот од парот, со дадената емоција на лист хартија.На крај на активноста, со цел одбележување на успешната учебна година на учениците им беа доделени дипломи за учество во активностите на Нансен моделот за интеркултурно образование. НДЦ Скопје им посакува среќно и забавно лето!

Зеленчукова градина

На 27. мај 2019. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане заедно со ученици од петто одделение ја реализираа дневната активност “Зелена салата” во рамки на темата “Зеленчукова градина” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.Во текот на оваа активност учениците имаа можност да научат повеќе за зелената салата – марула, какво растение е, што содржи, како влијае врз организмот и какво е нејзиното значење за човековото здравје. Учениците направија споредба со неколку видови зеленчук и од истите направија салата.Цели на оваа активност се: запознавање со улогата и важноста на зелената салата-марула како дел од здравата исхрана, како предуслов за правилен раст и развој, поттикнување на љубопитност кај учениците за осознавање и истражување, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.

Културни стереотипи

Во текот на мај 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа активности во рамки на темата “Културни стереотипи”.

За реализација на оваа активност, учениците работеа поделени во групи. Секоја група доби примерок на санта мраз во која се потенцираат карактеристики видливи на прв поглед за една култура како и суптилните карактеристики кои се појавуваат откако ќе запознаеме повеќе претставници од таа култура. Учениците имаа задача да напишат карактеристики на некој претставник од некоја култура и на крајот од активноста секоја група презентираше, а другите ученици дополнуваа или прашуваа доколку имаа нејаснотии.

Целите на активноста се: надминување на стереотипите и предрасудите кон другоста во непосредното опкружување, поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.

Од трпезата на мојата баба

На 16. мај 2019. година, наставниците Захарица Илиеска и  Маја Митева Петроска заедно со учениците од второ и трето одделение спроведоа активности во рамки на темата “Од трпезата на мојата баба” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.Активноста започна со воведни игри, а потоа учениците работеа поделени во групи. Тие направија некоја замислена градба користејќи шпагети и пластелин, а потоа поставија трпеза со традиционални македонски и влашки јадења.Цели на овие активности се: запознавање на учениците со традиционалната храна, почитување на културните различности во Р. Македонија, поттикнување на соработничките односи меѓу учениците од различни етникуми, поттикнување и поддржување на позитивна социо -емоционална клима во групата како и негување на силни интеракции меѓу учениците.

Олимпијада

На 14. мај 2019. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино,  со учениците од второ одделение ја реализираа завршната воннаставна активност според Нансен модел за учебната 2018/2019 година.Во училишниот двор, учениците играа разни игри со натпреварувачки карактер чии цели се учениците да се поттикнат за изведување на вежби, да го развиваат чувството за естетско изведување на движењата и да се стимулираат правилно да ги изведуваат вежбите. Сите ученици беа активно вклучени на активноста и покажаа одличен спортски дух.

Покрај река

На 10. маj 2019. година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети со учениците од прво одделение ја реализираа дневна активност „Покрај река“ од месечната тема „Пролетта во моjот краj“ во рамки на Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.Со цел загревање, опуштање и создавање пријатна работна атмосфера, активноста започна со воведна игра. Активноста продолжи со работа на групи во кои учениците изработија елементи на средина покрај река. Изработката на која беше претставена чиста и нечиста средина покрај река, се изложи во холот на училиштето.Цели на оваа активност се: подржување на детската љубопитност за проучување и истражување на природните појави, поттикнување на учениците за самостојно следење на промените во природата,  поттикување позитивно расположение во групата како и сензилибизирање на учениците за повеќе можни облици на искористување на отпадни материјали во домаќинството.

Изрботка на украсни свеќи

На 24. април 2019. година, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова заедно со учениците од прво одделение ја реализираа воннаставна активност според Нансен модел.Преку оваа активност учениците имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на изработка на свеќи, потребните состојки и алатки со кои се изработуваат свеќите како и да го набљудуваат и да учествуваат во процесот од топење парафин и восок до обликување на свеќата. Во текот на активноста учениците покажаа заинтересираност, љубописност и креативност и беа задоволни со крајните продукти кои самостојно ги изработија.