• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Промоција на прирачникот „101 игра”

Со особено задоволство, Нансен Дијалог Центар Скопје, го промовира прирачникот „101 игра” креиран и подготвен од страна на тимот на НДЦ Скопје. Истиот содржи мноштво, лесни и интересни игри наменети за сите возрасти. Понудените игри се разновидни, наменети како за училишен, така и за домашен, сеемен амбиент.

Прирачникот е наменет за сите наставници, воспитувачи, стручни соработници, родители, ученици како и за сите други заинтересирани профили.

Веруваме дека ризница од 101 подготвена игра ќе помогне во  промовирање на игрите како важен и стимулативен дел при  реализирањето на воспитно – образовниот процес.

Прирачникот  „101 игра”, e достапен на македонски, албански и турски јазик.