• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Донација од НДЦ Скопје и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград за училиштата

Во налетот на мноштво предизвици кои ги наметна секојдневието во услови на пандемија, особено е важно да не ги заборавиме тие на кои им е потребна најголема грижа, заштита и внимание – децата!

Нансен Дијалог Центар Скопје и Амбасадата на Кралството Норвешка со седиште во Белград заедно обезбедија и подготвија донација од 100 пакети на средства за дезинфекција и оддржување на хигиена за повеќе основни училишта во државата.

Училиштата од Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Битола, Крушево, Борино, Канатларци и Конче се повеќегодишни докажани партнери во спроведувањето на Нансен модел за интеркултурно образование, а искрено се надеваме дека оваа симболична помош ќе придонесе за побезбедна учебна година и заштита на здравјето на учениците и наставниците.