• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Од трпезата на мојата баба

На 16. мај 2019. година, наставниците Захарица Илиеска и  Маја Митева Петроска заедно со учениците од второ и трето одделение спроведоа активности во рамки на темата “Од трпезата на мојата баба” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Активноста започна со воведни игри, а потоа учениците работеа поделени во групи. Тие направија некоја замислена градба користејќи шпагети и пластелин, а потоа поставија трпеза со традиционални македонски и влашки јадења.

Цели на овие активности се: запознавање на учениците со традиционалната храна, почитување на културните различности во Р. Македонија, поттикнување на соработничките односи меѓу учениците од различни етникуми, поттикнување и поддржување на позитивна социо -емоционална клима во групата како и негување на силни интеракции меѓу учениците.