• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Олимпијада

На 14. мај 2019. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино,  со учениците од второ одделение ја реализираа завршната воннаставна активност според Нансен модел за учебната 2018/2019 година.

Во училишниот двор, учениците играа разни игри со натпреварувачки карактер чии цели се учениците да се поттикнат за изведување на вежби, да го развиваат чувството за естетско изведување на движењата и да се стимулираат правилно да ги изведуваат вежбите. Сите ученици беа активно вклучени на активноста и покажаа одличен спортски дух.