• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Покрај река

На 10. маj 2019. година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети со учениците од прво одделение ја реализираа дневна активност „Покрај река“ од месечната тема „Пролетта во моjот краj“ во рамки на Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Со цел загревање, опуштање и создавање пријатна работна атмосфера, активноста започна со воведна игра. Активноста продолжи со работа на групи во кои учениците изработија елементи на средина покрај река. Изработката на која беше претставена чиста и нечиста средина покрај река, се изложи во холот на училиштето.

Цели на оваа активност се: подржување на детската љубопитност за проучување и истражување на природните појави, поттикнување на учениците за самостојно следење на промените во природата,  поттикување позитивно расположение во групата како и сензилибизирање на учениците за повеќе можни облици на искористување на отпадни материјали во домаќинството.