• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Изрботка на украсни свеќи

На 24. април 2019. година, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова заедно со учениците од прво одделение ја реализираа воннаставна активност според Нансен модел.

Преку оваа активност учениците имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на изработка на свеќи, потребните состојки и алатки со кои се изработуваат свеќите како и да го набљудуваат и да учествуваат во процесот од топење парафин и восок до обликување на свеќата. Во текот на активноста учениците покажаа заинтересираност, љубописност и креативност и беа задоволни со крајните продукти кои самостојно ги изработија.