• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Право на име

На 22. април 2019. година, наставниците Дарко Талески и Наташа Забрчанец со учениците од шесто одделение ја реализираа активноста “Право на име” во рамки на темата “Детските права” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со воведна играа. Во главниот дел на активноста, секое дете го направи своето име од колаж каде секоја буква беше во различна боја и потоа сите букви ги залепија на заеднички хамер. Имињата се препознаваа по формата и големината на буквите, а целиот хамер бише шарен.

Цели на активноста се:  конструктивно меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура како и поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење.