• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Ден на планетата Земја

На 22. април 2019. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане заедно со ученици од петто одделение ја реализираа дневната активност “Ден на планетата Земја” во рамки на темата “Планетата Земја” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со пребарување на интернет со цел учениците да се запознаат со Сончевиот систем, планетите и нивната поставеност во однос на Сонцето, потоа следуваше дискусија за Денот на планетата Земја – 22. април (кога и каде почна да се одбележува, зошто се одбележува, кое е значењето и сл.). Во главниот дел на активноста, учениците работеа во две групи во кои ги креираа, со боење, копнениот и водениот дел на планетата Земја и ги подредија планетите во Сончевиот систем во однос на Сонцето.

Цели на оваа активност се поттикнување еко-свест кај учениците за одговорно однесување кон планетата Земја, преку одбележување на Денот на планетата Земја, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими од областа на Сончевиот систем.