• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Празници

На 8. април 2019. година, наставниците Маја Митева Петроска и Захарица Илиеска  заедно со учениците од второ и трето одделение реализираа активности во рамки на темата “Празници” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Активноста беше придружена од различни игри преку кои учениците научија повеќе за празниците, разликата помеѓу верските и држаните празници. Тие исто така поделени во две групи од тесто обликуваат погача за слава и различно ја украсуваа со чоколадни бонбончиња, суво грозје, плетенки, итн.

Цели на овие активности се: запознавање на учениците со карактеристиките на празниците, почитување на културните различности во Р. Македонија, поттикнување на соработничките односи меѓу учениците од различни етникуми, поттикнување и поддржување на позитивна социо -емоционална клима во групата како и негување на силни интеракции меѓу учениците.