• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Традиционална македонска и влашка носија

На 30. март и 2. април 2019. година, наставниците Маја Митева Петроска и Захарица Илиеска  заедно со учениците од второ и трето одделение спроведоа активности во рамки на темата “Носии” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Оваа активност се реализираше на два дела. Во првиот дел учениците ја посетија галеријата „Никола Мартиноски“ во Крушево, каде се запознаваа со автентичен амбиент на традиционална куќа, каде се изложени примероци и илустрации на традиционални македонски и влашки носии, како и носии на другите етнички заедници. За време на посетата учениците имаа можност да следат дискусија со кустосот Даница Јанакиеска, чија потесна област на истражување се токму карактеристиките на традиционалните носии. Вториот дел се реализираше во училница, со помош на смарт таблата, се реализираше Квиз за тоа што е научено за време на посетата на галеријата. Во завршниот дел од часот учениците нацртаа традиционална македонска или влашка носија и истите ги изложија во училницата.

Цели на овие активности се: запознавање на учениците со карактеристиките на традиционалната македонска и влашка носија, почитување на културните различности во Р. Македонија, поттикнување на соработничките односи меѓу учениците од различни етникуми, поттикнување и поддржување на позитивна социо -емоционална клима во групата како и негување на силни интеракции меѓу учениците.