• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Воден сообраќај

На 24. март 2019. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино,  со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Воден  сообраќај” од Сообраќајната секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

За реализација на активноста учениците работеа поделени во три групи во кои: направија водна површина, според даден рецепт (со мешање желатин со вода и плава боја), изработија хартиени бротчиња во различни бои и знамиња од различни народи во светот. На крај сите групи ја составија целината, знамињата ги прикачија на бротчињата, а бротчињата ги ставаа да пловат низ водата.

Цели на активноста се: развој на љубопитност и интерес кај учениците за водниот сообраќај, поттикнување на детската фантазија и креативност при обликување на водните сообраќајни средства, поддржување на конструктивни соработнички односи при реализирањето на групните задачи како и сензибилизирање на децата за можните извори на опасност во водниот сообраќај.