• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Денови на екологијата

Во текот на март 2019. година, наставниците Светлана Кочовска и Афердита Амедовска заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Денови на екологијата” од Еко секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Преку воведни игри и дискусија учениците ги открија дневните теми “Дожд” и “Ден на екологијата”.  Тие работеа во групи во кои секој ученик индивидуално имаше задача да креира чадорче од различни материјали како и еко картички по повод Денот на екологијата.

Овие активности имаат за цел: проширување на стекнатите знаења на учениците поврзани со природните промени во пролетен период, откривање и толкување на меѓусебната поврзаност на природните појави во пролет,  негување  на позитивна социо-емоционална клима во групата, поттикнување на креативноста и творечка фантазија и трпеливоста кај учениците при изработка при креирање на изработки од различен материјал.