• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Шалче

Во текот на февруари и март 2019. година, наставниците Хирмете Ала и Тијана Бајрактарска заедно со ученици од четврто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Вез” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Наставниците и учениците заедно дискутираа за топлата зимска облека и преку песната “Топла облека” ја открија темата на дневната активност. Во текот на реализацијата на дневната активност “Шалче “, учениците меѓусебно соработуваа и користеа разновидни материјали со кои изработија изработки во форма на шалчиња. Со помош на наставниците, учениците плетеа шалчиња користејќи волница во разни бои.

Цели на активностите се: поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура, запознавање на учениците со основите на везењето како начин на творечко изразување, истрајно и трпеливо реализирање на ликовните задачи, како и креирање сопствен стил и израз при дизајнирање и креирање.