• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Кокичиња

Во текот на февруари 2019. година, наставниците Елизабета Јовановска и Илбере Арифи наставниците Валентина Благоевска Петрушевска и Рејхан Рушити заедно со нивните ученици реализираа воннаставни интеркултурни активности од Уметничката секција.

Преку оваа активност, учениците од двата тандема имаа можност да се запознаат едни со други и да соработуваат при извршувањето на нивните задачи. Тие го исчистија паното од старите изработки, исекоа цвеќиња во форма на кокичиња и заедно ги поставија во ходникот на училиштето.

Цели на активностите се: поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка, поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата, оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање, поттикнување на детската оригиналност, креативност, како и развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи.