• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Дојде пролетта

Во текот на февруари 2019. година, наставниците Светлана Кочовска и Афердита Амедовска заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Денови на екологијата” од Еко секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Преку воведни игри учениците се запознаа со дневните теми “Дојде пролетта” и “Сонце”.   Тие работеа во групи во кои секој ученик индивидуално имаше задача да креира сонце од различни материјали како: штипки, копчиња, хартија итн. како и пеперутки и цвеќиња од различни отпадни материјали. Учениците со интерес и посветеност ги реализираа поставените задачи.

Овие активности имаат за цел: проширување на стекнатите знаења на учениците поврзани со природните промени во пролетен период, откривање и толкување на меѓусебната поврзаност на природните појави во пролет,  негување  на позитивна социо-емоционална клима во групата, поттикнување на креативноста и творечка фантазија и трпеливоста кај учениците при изработка при креирање на изработки од различен материјал.