• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Ескимско игло

Во текот на февруари 2019. година, наставниците Сизана Спахиу и Ѓурѓица Маринова заедно со ученици од прво одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Зимски доживувања” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Реализацијата на дневната активност “Ескимско игло” започна со воведни игри. Учениците поделени во две групи соработуваа меѓусебно.  На големи хамери тие изработија ескимско игло, користејќи зрна од грав и пуканки.

Цели на активностите беа: поттикнување на ликовната љубопитност за ликовно творење со различни нестандардни предмети, вежбање прецизност и трпеливост при сечење, превиткување на хартија и лепење на разни видови зрнца, зајакнување на соработничките односи меѓу членовите на групата како и оспособување на учениците за моделирање и конструирање со различен материјал.