• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Лисицата и гавранот

Во текот на февруари 2019. година, наставниците Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче заедно со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Басните на Езоп” од Драмската Секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Со цел да се запознаат со дневната активност, учениците гледаа видеа без звук додека наставниците објаснуваа за поимот басна и за содржината на басната Лисицата и гавранот. Потоа учениците во групи составуваа сложувалка во боја, боеја ликови од басната, изработија постер и маски. Тие исто така играа игри и изведоа куклен театар со изработените маски.

Цели на активноста се: меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, развивање на  чувството на радост и задоволство при реализацијата на воннаствните игри, развивање на навика за активно слушање и почитување на соговорниците, сензибилизирање на учениците за препознавање на позитивни и негативни морални особини кај луѓето.