• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Белгија

Во текот на февруари 2019., наставниците Силвија Рошкова и Садик Исени, заедно со ученици од седмо одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Белгија” од Секцијата Образование за мир и толеранција на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Активностите беа придружени со разни игри, учениците имаа можност да се запознаваат со географска местоположба на Белгија како и со карактеристиките на оваа земја – знаме, грб и климатски погодности.

Цели на овие активности се: поттикнување на меѓусебна соработка, поттикнување на конструктивни соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници, запознавање на учениците со географската местоположба на Белгија и климатски посебности, откривање на државните симболи, како и поддржување на интересот за откривање на јазиците и културата во Белгија.