• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Со музика низ времето

Во текот на февруари 2019., наставниците Дијана Петкоска и Валбона Стафаи со учениците од седмо одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Со музика низ времето” од Музичката секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во текот на оваа активност, учениците имаа можност да се дружаат и да научат повеќе околу џез жанрот на музика.

Цели на оваа активност се: поддржување позитивна емоционална клима во групата, потхранување на креативните творечки потенцијали кај учениците преку самостојно музичко творење и изразување какo и сензибилизирање на учениците за препознавање на естетската компонента и уметничката вредност во различни видови музички остварувања.