• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Средства за сувоземен сообраќај

На 27. декември 2018. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино,  реализираа активности во рамки на месечната тема Сувоземниот сообраќај, од Сообраќајната секција од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за второ одделение.

Покрај запознавањето со средствата за сообраќај, нивниот начин на движење и работа, учениците, исто така, изградија дел од возилата користејќи различни материјали и алатки.

Цели на оваа активност се проширување на предзнаењата на учениците за сувоземниот сообраќај  и поддржување на детскиот интерес за тоа, oспособување на учениците за самостојно класифицирање на сообраќајни средства кои што припаѓаат на категоријата копнени сообраќајни средства, како и развивање на детската фантазија и креативност и оригиналност преку осмислување на нови сообраќајни средства.