• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Одбележување на Меѓународната недела на интегрираното образование – IIEW 2014

Нансен дијалог центар Скопје ги поддржа училиштата во одбележувањето на Меѓународната недела на интегрираното образование 2014 под мотото „Градиме мостови“. Оваа година, неделата беше одбележана со 24 настани организирани во 21 основни и средни училишта низ Република Македонија. Меѓународната недела на интегрираното образование е годишен настан и можност за прослава на интегрираниот етос на училиштата. Меѓународната недела на интегрираното образование 2014 беше мошне успешен настан благодарение на зголемениот број на училишта кои се вклучија во одбележувањето.

Активностите се реализираа во периодот од 28 февруари до 7 март според следниот распоред:

 

Училиште/ одд./ год.

Активност

Датум

Основно училиште „Фридтјоф Нансен/ „Шемшово“ –  Општина Јегуновце (5 одд.)

Воннаставна активност „Градиме мостови“

 

 28 февруари

ССОУ „МошаПијаде“- Општина Јегуновце (3 и 4 год.)

Изработка на графити со мотото на неделата

28 февруари

ОУ „Кирил и Методиј“- Свети Николе (2,3 и 4 одд.)

 

Воннаставна активност „Мостови за поврзување на традициите“

1 март

ОУ „Рајко Жинзифов/ Исмаил Ќемали“- Скопје (1 одд.)

 

Дизајнирање на разгледници со мостови

3 март

ОУ „Рајко Жинзифов/ Исмаил Ќемали“- Скопје (3 одд.)

 

Воннаставна активност „Камениот мост- симбол на зближување“

3 март

ОУ „Рајко Жинзифов/ Исмаил Ќемали“- Скопје (1 одд.)

 

Воннаставна активност „Пораки за мир“

3 март

ОУ „Рајко Жинзифов/ Исмаил Ќемали“- Скопје (1 одд.)

 

Воннаставна активност „Мост од виножито“

3 март

ОУ „Рајко Жинзифов“ и ОУ „Блаже Конески“- Велес (4 и 5 одд.)

 

Претстава на учениците на тема „Мостови на пријателството“

3 март `

ОУ „Климент Охридски“- Битола (1 одд.)

Спортски активности со мировни пораки

3 март `

ОУ „Кирил и Методиј“- Прилеп (од 6 до 9 одд.)

Ликовна изложба на тема „Градиме мостови“

3 март `

ОУ „Маршал Тито“- Струмица (4 одд.)

Воннаставна активност: ликовни изработки „Мостови за зближување“

4 март

ОУ „Никола Карев“- Крушево (од 1до 9 одд.)

Целодневен настан: изложба на традиционална македонска, влашка и албанска храна и носии

4 март

ОУ „Коле Неделковски“- Скопје (од 6 до 9 одд.)

Изложба на стари фотографии „Камениот мост низ времето“

4 март

ОУ „Славчо Стојменски“- Виница (од 1 до 5 одд.)

Музичка кореографија со учениците

5 март

ОУ „Ванчо Прке“- Делчево (6 одд.)

Рецитал на тема „Градиме мостови“

5 март

ОУ „Ванчо Прке“- Делчево (2 одд.)

Воннаставна активност „Градиме мостови преку традициите“

5 март

ОУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје (од 1 до 9 одд.)

Отворена изложба „Градиме мостови преку Нансен – моделот за интегрирано образование“

5 март

ОУ „Санде Штерјоски“- Кичево (6 и 7 одд.)

Кореографија и изработки  со мотото „Ние сме светот, ние градиме мостови“

5 март

ОУ „Страшо Пинџур“- Карбинци (6 одд.)

Ликовни активности

5 март

ОУ „Илинден“- Крива Паланка (3 одд.)

Училишна претстава со учениците и наставниците

5 март

СУ „Нико Нестор“- Струга  (од 1 до 4 год.)

Ликовна изложба со повеќе техники на тема „Градиме мостови“

5 март

ОУ „Рајко Жинзифов/ Исмаил Ќемали“- Скопје (6 одд.)

„Мост“ уметничка инсталација

6 март

ОУ „Страшо Пинџур“- Карбинци (од 6 до 9 одд.)

Презентација на разгледници на тема „Градиме мостови“

6 март

ОУ „Гоце Делчев“- Конче (од 1до 5 одд.)

 

Неделен настан: Изработка на мостови со различни уметнички техники

3 до 7 март

 

 

 

За повеќе фотографии кликнете тука : галерија 1, галерија 2, галерија 3.