• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Свечено примопредавање на техничка опрема во ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово

На 25 октомври, 2013 год. НДЦ Скопје свечено го одбележа отворањето на кабинетот за практична настава во рамките на средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. На официјалното примопредавање на техничката опрема присуствуваа: заменик министерот за образование и Наука, Сафет Незири, Амбасадорот на Р. Македонија во Норвешка, Енвер Абдулахи, основачот на Нансен диајлог мрежата, Стајнер Брин, извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски, координаторот на ССУ Кубен, Кристин Скаре, членовите на Управниот одбор на НДЦ Скопје, Бентре Кнагенхјелм и Ингрид Вик, радоводителот на секторот за образование при општина Тетово, Ахмет Ќазими и директорот на ССОУ „Моша Пијаде“, Борис Стојановски.

Опремата е донирана од стана на НДЦ Скопје кој првично ја прими целосната опрема од ССУ Кубен во Осло, Норвешка.
Опремата ќе одговори на потребите на училиштето при реализацијата на практичната настава за учениците и се состои од најсовремени електро-технички апарати коишто се користат во стручни училишта. Новиот кабинет за практична настава има капацитет за 30 ученика и во истиот учениците ќе бидат во можност да ги применат теоретските знаења во пракса.

“Оваа техничка опрема ќе овозможи спроведување на теоретските знаења на учениците во пракса што пак како резултат ќе има квалитетни и обучени кадри за потребите на идните странски инвеститори во државата, а со тоа и поголем развој на нашето општество“, рече заменик министерот Незири.

Директорот на средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде”, Борис Стојановски рече дека новата опрема ќе биде искористена од професорите и учениците во наставата за оспособување и усовршување на учениците од електротехничката насока, како во централното училиште, така и во истурените паралелки во интегрираното училиште во Прељубиште, општина Јегуновце каде НДЦ Скопје го имплементира Нансен моделот за интегрирано образование.

Извршниот директор на НДЦ Скопје нагласи дека техничката опрема ќе помогне за подобрување на практичниот дел од наставата и исто така ќе придонесе за општо подобрување на квалитетот на наставата во средното стручно училиште „Моша Пијаде“.

Настанот беше проследен од голем број на медиуми кои известуваа за свеченото отворање на кабинетот за практична настава во училиштето.
По отворањето на кабинетот, претставниците на НДЦ Скопје и на Управниот одбор заедно со амбасадорот на Р. Македонија во Норвешка беа поканети во просториите на Општина Тетово од стана на градоначалничката Теута Арифи. Г-а Арифи изрази благодарност за донираната опрема и исто така изрази поддршка за иницијативите на НДЦ Скопје имплементирани во регионот на Тетово.