На 15. февруари 2018 година, наставничките Валентина Петрушевска- Благоевска и Илбере Арифи ја спроведоа интегрираната воннаставна активност за време на која учениците имаа можност да се дружат и да научат повеќе за разни традиции и празници кои што се слават во Македонија.
“Подготвивме презентација за учениците каде што можеа да видат слики што се поврзуваат со разни празници како што се Нова Година, Велигден, Бајрам итн. На крајот од активноста, учениците имаа задача да направат цртеж од празник што го слават во нивниот дом или заедница. Учениците се забавуваа додека разменуваа информации за нивните омилени празници” тандем на наставничките.