• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Визија и Мисија

ВИЗИЈА на Нансен модел за интеркултурно образование

Визија на Нансен модел за интеркултурно образование е да создаде висококвалитетен и претставителен образовен модел, кој ќе претставува пример за еднакви можности и пристап до образование на сите етнички заедници во мултиетнички средини. Современ интегриран образовен модел, кој ги негува, поттикнува и интегрира мултиетничките вредности, двојазичноста, а во исто време ги промовира и поддржува партнерските односи помеѓу учениците, наставниците и родителите, го поттикнува вклучувањето на заедницата преку воспоставување на хармонични односи, кои се темелат на почитување на разликите.

МИСИЈА на Нансен модел за интеркултурно образование

Мисија на Нансен модел за интеркултурно образование е меѓуетничка интеграција преку современа, мултиетничка, воспитно-образовна установа, која ќе обезбеди висококвалитетно образование преку редовни наставни и воннаставни активности. Инвентивните интегрирани воннаставни активности преку индивидуализираниот пристап кон секој ученик, двојазичниот приод, како и континуирана тимска и тандемска форма на работа влијаат врз подобрувањето на квалитетот на целокупниот воспитно-образовниот порцес, како и на развојот на мноштво компетенции и животни вештини кај учениците, наставниците и родителите неопходни за квалитетен соживот во заедници со мултиетнички карактер.

Нансен модел за интеркултурно образование промовира:

  • Соработка и дијалог, како алатка за разрешување на проблемите и зближување на луѓето;
  • Взаемна почит помеѓу учениците и нивните семејства од различно етничко, религиозно и културно потекло;
  • Еднакви можности и третман на сите ученици, преку негување на позитивни односи и взаемна доверба;
  • Почитување на важните општестевени вредности, како што се: почитување на разликите, отворена комуникација, дијалог, толеранција, конструктивност при справувањето со конфликти и надминување на стереотипите и предрасудите.

Со цел исполнување визијата, потребна е непречена комуникација на релација ученици-родители и наставници:

Месечна ахива