• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Програми за ученици

Вовед

Воннаставните активности се мост преку кој децата, учениците од различни етнички заедници имаат можност и простор за меѓусебни, секојдневни средби, спонтана, слободна комуникација, соработка, помагање, меѓусебно учење, дружење. При осмислувањето на воннаставните активности неопходно е постојано да се водиме по прашањата: Кои и какви активности би сакале учениците секојдневно да ги посетуваат? Како треба да се организираат активностите со цел да се задржи вниманието и мотивацијата кај учениците? Кои области, подрачја предизвикуваат интерес и љубопитност кај учениците?

Знаејќи дека во редовниот наставен процес секогаш недостасува простор за игровни, истражувачки активности и проекти, а во насока на надминувањето на оваа состојба во нашите училници, воннаставните активности веднаш се покажаа како одличен избор и форма за организирање на богати, мотивирачки, креативни игровни активности преку коишто лесно ќе може да се придобијат сите ученици, но и континуирано ќе се потхранува нивната мотивација за истите. Токму затоа разновидни игровни ситуации се основа преку кои лесно може да дојде до непосредна соработка, зближување и поврзување на учениците од различно

Нивниот распоред го утврдуваат одговорните наставници, но важно е да се напомени дека истиот е максимално флексибилен и дека секогаш треба да се излезе во пресрет на актуелните училишни случувања или поважни настани на локално, општинско ниво.

Воннаставните активности треба да бидат во функција на развојот на детските таленти, вештини, способности, како и во насока на зајакнувањето на нивната самодоверба, позитивна слика за себе, но и позитивен однос и слика за училиштето.

Улогата на учениците

Учениците и родителите се најважните партнери и поддржувачи на Нансен моделот за интеркултурно образование. Особено се внимава на односот кон учениците како рамноправен субјект во обликувањето и креирањето како на редовниот наставен процес, така и на воннаставните содржини. При осмислувањето на воннаставните содржини, неопходно е да се почитуваат предзнаењата, желбите, интересите, способностите на учениците. Токму од овие причини, низ воннаставните содржини треба континуирано да се промовира индивидуализираниот пристап, каде што сложеноста на задачите ќе соодветствува со развојните можности на учениците, но истовремено ќе ја поседуваат и една мала “доза” на содржини коишто ќе бидат во функција на поттикнувањето на развојот, т.е. ќе бидат во зона на идниот развој. Непосредната реализација на интегрираните воннаставни содржини, јасно упатува на заклучок дека секојдневно планираните содржини (во рамките на сите предвидени секции) се градени и презентирани на различни нивоа на сложеност; сè со цел сите ученици да можат самостојно да дојдат до посакуваниот финален продукт, резултат. Обврска на наставниците е да препознаат со која брзина и темпо секој од учениците ќе може да ја оствари зацртаната цел, а притоа да не биде обесхрабрен или демотивиран поради сложеноста на тековните активности.

Резултатите од интегрираните воннаставни активности

  • Подобрена и збогатена дидактичка компонента во сите групи, надградба на знаењата, стекнување вештини за успешен пристап кон другите култури, доминација на интерактивни активности и работа во групи, индивидуализиран пристап кон секој ученик и индивидуален напредок; подобрени и совладани техниките за активно и независно учење на учениците;
  • Висок индекс на групна кохезија, компактност во сите групи на ученици, што го потврдува отсуството на било каков потенцијален ризик од меѓуетнички тензии и конфликти во етнички мешаните групи;
  • Промовирана инклузивна компонента, т.е. перманентно вклучување и осамостојување на учениците со посебни потреби за активна партиципација во воннаставните активности во кои се прифатени како рамноправни членови на групата. Прогресијата кај нив се одвива на две нивоа- на план на социјализација, но и на план на учењето;
  • Надминати бариери за учење на “другиот” јазик, успешно остварен интеркултурен дијалог помеѓу учениците од различни етнички заедници, елиминирана образовна ексклузија кај учениците поради јазични бариери;
  • Визуелно доловен мултиетнички карактер на групите преку успешниот мултикултурен дизајн на училишниот простор, осмислен од самите ученици;
  • Подобрени резултати во редовниот наставен процес, под влијание на интегрираните воннаставни активности;
  • Развиени вештини кај учениците за конструктивно решавање на конфликтите, критичко мислење, флексибилен приод кон проблемските ситуации, оспособеност за конструктивен приод кон истражувачките ситуации и во рамките на воннаставните активности, но и во процесот на редовната настава;
  • Постигната динамична, повеќенасочна комуникација без јазични бариери, збогатена со вештини за невербална комуникација и разбирање;
  • Развиени персонални и социјални компетенции на учениците неопходни за живот во реален мултиетнички (училиштен, локален) контекст.

Фотографиите од учениците се објавени по претходно добиена согласност од страна на нивните родители/старатели.

Месечна ахива