• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Програми за родители

Родителите кои ги поддржуваат нивните деца во текот на воспитно-образовниот процес имаат голема улога во подобрувањето на резултатите и однесувањето на децата. Активното вклучување на родителите во училиштето може да помогне во промоција на средина за учење во која учениците можат позитивно да се поврзат со училишниот персонал и нивните врсници.

Училиштата кои го применуваат Нансен моделот за интеркултурно образование имаат придобивка од развивањето позитивни партнерства со родителите, преку нивно вклучување во сите одлуки кои влијаат на образованието и учењето на нивните деца. Вклучувањето на родителите нуди можност да се разбере улогата која тие ја имаат во сите фази од процесот на учење и развој на нивните деца.

Со цел промовирање на нивната улога и активно учество во обликувањето на училишните активности, секоја година се подготвува Програма за соработка со родители, којашто предвидува различни форми на активности со цел да се постигне конструктивна соработка на релација: родители – училиште – стручен тим – раководство на училиштето, но и отворена и флексибилна комуникација во текот на целата учебна година.

Главни цели на програмата се:

  • Унапредување на соработката и довербата на родителите кон училиштето и наставничкиот тим;
  • Промовирање на активна улога на родителите во осмислувањето, изведувањето и евалуирањето како на наставните, така и на воннаставните активности;
  • Зајакнување на соработничките односи помеѓу родителите со различно етничко, верско, културно потекло;
  • Продлабочување на животните вештини кај родителите како и формирање на навики кај нив за континуирано самообразование;
  • Поттикнување на самодовербата кај родителите како и на позитивен однос кон другите членови на групата.

Програмата за соработка со родители предвидува спроведување на повеќе едукативни и креативни работилници коишто ќе го овозможат активното учество на родителите во внимателното следење на севкупниот детски развој и сите негови фази и особености.

Покрај едукативните работилници, предивдени се и голем број на други активности со родителите, како: креативни работилници, отворени денови, семејни прослави на родендени во училиштето, одбележување на верските празници во рамките на семејството на некој од учениците, заедничко изведување на екскурзии, излети, организирање на приредби по повод Нова година, 8 март, како и на крајот на секоја учебна година. На овој начин родителите стануваат партнери на училиштето при изборот и обликувањето на содржините и активностите.

Архиви