• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Управните одбори на НДЦ Скопје и Фондацијата за интегрирано образование го посетија ОУ Гоце Делчев

На 29 септември, 2017 година, НДЦ Скопје организираше посета на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар за членовите на управните одбори на НДЦ Скопје и Фондацијата за интегрирано образование. Целта на посетата беше запознавање на членовите на управните одбори со едено од најуспешните Нансен модел училиштата. За време на посетата, членовите имаа можност да се запознаат со интеркултурните активности кои се реализираат во ова училиште, и се сретнаа со учениците, наставниците и управата на училиштето при што разговараа за промените и придобивките кои се резултат на заедничката соработка и спроведувањето на Нансен моделот за интеркултурно образование. На средбата со раководството на училиштето, НДЦ Скопје им додели признанија на директорот на училиштето Сашо Шарески и заменик-директорот Сефер Елмази за извонредни резултати во областа на интегрираното и интеркултурното образование и исклучителен придонес и поддршка за имплементација на Концепцијата за интеркултурно образование во ОУ „Гоце Делчев“, Гостивар.