• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Директорите на Нансен модел училиштата остварија средба со управните одбори на НДЦ Скопје и ФИЕ

На 29 септември 2017 година, во просториите на Тренинг Центарот при НДЦ Скопје, директорите на Нансен модел училиштата одржаа презентации пред членовите на управните одбори на НДЦ Скопје и Фондацијата за интегрирано образование. Директорите одржаа презентации за состојбите во нивните училишта, за проблемите со кои се соочуваат, можните решенија, како и за можностите НДЦ Скопје и Фондацијата да придонесат за надминување на тие предизвици со фокус на интеркултуралноста и подобрување на квалитетот на наставата. Презентациите беа проследени со сесии со прашања и одговори како и дискусија за перспективите и идните планови за соработка и поддршка на Нансен модел училиштата.