• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Известување / Отворен повик

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Наставниците коишто го завршиле основното и напредното ниво на обуки за Нансен модел за интеркултурно образование, како и наши досегашни наставнички тандеми од училиштата со коишто НДЦ Скопје има повеќегодишна соработка, можат во Годишните програми за работа на училиштата за учебната 2017/2018 година, како и во сопствените годишни програми да ги приложат програмите по кои се спроведува Нансен модел за интегрирано образование.

ОТВОРЕН ПОВИК

Нансен модел за интеркултурно образование преку  проектни или слободни активности

Почитувани наставници и професори,

поради пројавениот интерес од поедини наставници и професори за имплементација на Нансен моделот за интеркултурно образование преку слободни или проектни активности сакаме да Ве известиме дека НДЦ Скопје ќе ги поддржи сите наставници кои имаат завршено основно и напредно ниво на обуки, доколку пројават интерес за оваа идеја во наредната учебна година.

Реализација на проектни или слободни ученички активности според наш модел, подразбира отстапување на наша програма за одредена секција (согласно возраста на учениците), која би била реализирана во групи на ученици коишто зборуваат различни јазици и се претставници на различни етнички заедници.

За професорите од средните училишта, постои можност преку овој вид на слободни активности да ги дополнат своите неделни фондови на часови, додека пак на наставниците од одделенска и предметна настава им сугерираме да ги запознаат своите училишни управи за оваа инцијатива, со цел дефинирање на статусот на овие часови.

Организирање на ваков вид на активности би бил најчесто со динамика 1-2 месечно, а како реализатори на истите треба да се јави наставнички тандем од различни говорни подрачја.

НДЦ Скопје ќе ги обезбеди сите неопходни и потребни работни и дидактички материјали за сите пријавени тандеми, кои континуирано во текот на целата учебна година ќе учествуваат во спроведувањето на проектните активности.

Ги замолуваме сите заинтересирани наставници, да се обратат до НДЦ Скопје најдоцна до 05 септември, 2017 г., со цел навремено наше селектирање и доставување на годишна програма за овој вид на активности. Истите слободно можете да ги приложите кон годишните програми во Вашите матични училишта.

Со почит,

Тимот за образование, обука и развој при НДЦ Скопје