• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Нансен Модел за интеркултурно образование

Доделени дипломи на учениците вклучени во НМИО во ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар

На 7 јуни 2017 година, НДЦ Скопје им додели дипломи на учениците вклучени во Нансен моделот за интегрирано образование во ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар за нивното активно и успешно учество во интегрираните воннаставни активности во текот на учебната 2016/2017 година.

Учениците од 3-то одделени учествуваа на секцијата „Мали истражувачи“ реализирана од наставничките Мируше Џафери и Анета Казиоска, учениците од 4-то одделени на секцијата „Мали конструктори“ реализирана од Љуљета Азири и Јасмина Ефремофска, додека пак учениците од 5-то одделение учествуваа на секцијата „Креативно изразување и творење“ реализирана од наставничкиот тандем Нагихан Снопче и Габриела Мерџаноска.